Деловни услуги
За деловениот престој на гостите, хотелот Stone Bridge
обезбеди софистицирана технолошка опрема за реализација
на деловни средби, организација на предавање, презентации,
семинари и др. Покрај врвната опременост на сите апартмани
кои овозможуваат реализација на вашите деловни активности
од приватноста на вашата соба, хотелот нуди конференциска
сала, со целосна техничка опрема и организациска подршка
и е подготвен на располагање да ви ги понуди најсовремени
услуги на деловна комуникација, курирска служба, преведувачи,
организација на вашето службено патување и други деловни
услуги.
Рекреативни услуги
А се разбира, најдобар начин за завршување на напорниот
ден исполнет со деловни средби или уживање во убавините
на градот, е релаксација во рекреативните услуги на
хотелот. Базен, сауна и фитнес сала.
Инспириран од Даут Пашиниот Аман, кој се наоѓа во непосредна
близина на хотелот, денеска културен споненик на неговата
историја, Стоне Бридге на своите гости им ја нуди привилигијата
да ги пробаат благодетите од единствениот Турски Амам.
Изведен во ексклузивен амбиент на мермер, турската бања
нуди мигови на опуштање и уживање кое го носи ориентот.
|