Познато е дека на овие простори луѓето
одсекогаш уживале во храната. Влијанието кое различните
култури го оставиле зад себе, мешавината на зачини,
намирници и вкусови остава значаен белег во кулинарството.
Дали станува збор за локалните специјалитети, богатството
на ориентални јадења, вкусовите на медитеранот или едноставно
за интернационалната кујна уверени сме дека ќе уживате
во неверојатни вкусови, креации и врвна угостителска
услуга.
За ваше потполно задоволство секогаш гурманските јадења
се надополнети со префинет избор на ексклузивни домашни
и странски вина од одбрани винарски визби.
Положбата на Стар ресторанот
и Ирскиот паб,
овозможува идеална целина за одржување на деловни настани
кои предвидуваат оброци, кафе паузи и др. Витаминскиот
бар сместен до базенот и кафе-слаткарницата
Диван
се уште еден доказ за желбата хотелот да ги надмине
очекувањата на гостите грижејки се за нивното уживање
во секој момент од нивниот престој.
Ненадминлив спомен и слика која на секој гостин кој
престојува во хотелот ќе му остане во долго паметење
е единствениот панорамски поглед на центарот на Скопје
од луксузноста на Скај ресторанот.
Префинетоста на ентериерскиот израз, угостителската
услуга и привилегијата да се почувствува хоризонтот
побудуваат восхите и желба барем уште еднаш да се доживее
ова искуство.
|